дома Европско првенство Холандија си обeзбеди плaсман во осмина финалето

Холандија си обeзбеди плaсман во осмина финалето

Холандските фудбалери ја победија Австрија со 2: 0 во второто коло од групата Ц на Европското првенство. Со овој триумф „лалињата“ обезбедија пласман во нокаут фазата на натпреварувањето.

Франк де Бура одигра многу добра партија и без никакви проблеми дојде до шестиот поен во два натпревари. Головите за Холандија ги постигнаа Мемфис Депај и Дензел Дамфрис.

Во последното коло Холандија ќе игра против Македонија, додека Австрија ќе игра против Украина во натпревар кој ќе го реши патникот во следната фаза.