дома Хроника ХОРОР ВО СТРУГА: Девојче од Домот за деца со социјални проблеми, силувано...

ХОРОР ВО СТРУГА: Девојче од Домот за деца со социјални проблеми, силувано од човек кој се понудил да ја превезе

На 23.08.2018 година во 23:00 часот во Полициската станица Струга, 14-годишно девојче од Скопје од Домот за деца со социјални проблеми, кое престојувало во одморалиштето „25-ти Мај“, пријавило дека истиот ден околу 16:00 часот непознато лице извршило други полови дејствија над неа.

Според пријавата, девојчето било на плажа и потоа заминало кон излезот од Струга.

Таму била пресретната од непознато лице со непознато возило, кое се понудило да ја превезе.

По кратко време лицето застанало во близина на село Калишта и го сторил делото, по што ја вратил во одморалиштето.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.