дома КОВИД-19 (Коронавирус) Хоспитализирани 669 пациенти, две лица се на реcпиратор

Хоспитализирани 669 пациенти, две лица се на реcпиратор

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на ковид-19. Починати се 14 лица. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 29558, бројката на оздравени пациенти е 19994, на починати е 977, а бројот на активни случаи изнесува 8587.

Во болниците низ земјава вкупно се хоспитализирани 669 пациенти кои се суспектни или заразени со ковид-19. Најмногу пациенти се сместени на Инфективната клиника во Скопје – 152. Од нив 110 се на кислородна поддршка, а на механичка вентилација нема ниту еден пациент.

Во Градската општа болница „8 Септември“ има 49, од кои двајца пациенти се на респиратор.

Пациенти во Скопје се хоспитализирани во болницата во Козле. Таму има 9 деца и 9 мајки кои се позитивни на вирусот, а 6 деца и 4 мајки се суспектни.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 72, а во штипската има 48 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се сместени вкупно 320 позитивни и сомнителни на ковид-19.