дома Актуелно ХОЈТ БРАЈАН ЈИ:Да се озвоможи парламентарното мнозинство да формира влада

ХОЈТ БРАЈАН ЈИ:Да се озвоможи парламентарното мнозинство да формира влада

Да се овозможи формирање влада со нова владина програма за да тргнат реформите. Ова е ставот што го делат САД, ЕУ, НАТО и Берлин, порача заменик помошникот државен секретар на САД Хојт Брајан Ји, кој престојува во Македонија.

– Потребно е политичките лидери, граѓанското општество и граѓаните да работат заедно во духот на соработката со цел да се залечат раните, не само оние што произлегоа од настаните во четвртокот во Парламентот, туку и оние од политичките недоразбирања кои траат предолго. Единствен начин тоа да се постигне е да се формира влада која ќе биде посветена на реформите што ќе ја доближат земјата до евроинтеграциите, изјави Ји по средбите во Скопје.

– Следниот чекор согласно денешните разговори со политичките лидери е да се надмине застојот, да се стави крај на кризата и да се оди напред, рече американскиот дипломат.