дома Балкан ХРВАТСКАТА ПОЛИЦИЈА СО ЕВРОПСКИ МАНИРИ: Пукале во мигранти, повредиле две деца!

ХРВАТСКАТА ПОЛИЦИЈА СО ЕВРОПСКИ МАНИРИ: Пукале во мигранти, повредиле две деца!

Задарската полиција спречила обид за криумчарење на мигранти на подрачјето Донји Србани, каде запрела комбе со мигранти, при што кон нив испукале неколку куршуми.

Инцидентот се случил вчера вечер околу 22 часот, а полицијата го запрела комбето благодарение на дојава, пренесува хрватската новинска агенција Хина.

Мигрантите се наоѓање во комбе со странски регистарски таблички, а се претпоставува дека илегално ја преминало границата од Босна и Херцеговина.

Полицијата по дојавата поставила блокада со светлечки и звучни сигнали во пределот Раштел. Меѓутоа, возачот не застанал, туку продолжил да вози кон полицајците, поради што тие испукале повеќе куршуми во негов правец.

Возачот скокнал од комбето и побегнал во шума, а во возилото пронајдени се 29 странски државјани од повеќе земји, меѓу нив и две деца со повреди од огнено оружје и повеќето од нив со повреди од опасното возење.

Повредените деца се префрлени во задарската болница и не се во животна опасност.