дома Балкан ХРВАТСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ИСПИТУВАЊA ВО ПРИВАТНА КЛИНИКА: За жал имам генетски предиспозиции...

ХРВАТСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ИСПИТУВАЊA ВО ПРИВАТНА КЛИНИКА: За жал имам генетски предиспозиции за рак!

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, која е во посета на Турција, за медиумите објасни зошто била на испитување во приватна клиника.

„За жал, имам генетски предиспозиции. Од четворица баби и дедовци, тројца пoчинaa од рак. Секоја година правам магнетна резонанца на дојката и на внатрешните органи“, изјави таа за новинарите.

Хрватската претседателка потврди дека во јануари била на инфузија во Виноградската болница  во Загреб.

„Вечерњи лист“ објави дека Колинда Грабар-Китаровиќ во јануари повеќепати била на инфузии во болницата во Загреб, а дека минатата недела била на преглед во приватна клиника во близина на Загреб, која се бави со дијагностика и лечење на карцином.