дома Балкан Хрватска вakциниpaшe нaд 50 oтcтo oд cвoeтo вoзpacнo нaceлeниe

Хрватска вakциниpaшe нaд 50 oтcтo oд cвoeтo вoзpacнo нaceлeниe

Хрватска денеска ја надмина бројката од 50 проценти целосно вакцинирана возрасна популација. Оваа информација преку Твитер ја објави хрватскиот министер за здравство Вили Берош.

-Постигнавме 50 проценти вакцинирано возрасно население. Благодарност за сите што се дел од оваа позитивна статистика и на луѓето на терен што ги направија вакцините максимално достапни. Втората фаза од борбата против коронавирусот е пред нас. Изберете наука и искуство, напиша Берош.

Најголем опфат на вакцинирани со прва доза е постигнат во Градот Загреб (48 проценти од вкупното население, или 58 проценти од возрасната популација), исто како и кога е во прашање целосна вакцинација (44,2 проценти од вкупно граѓани и 53,5 проценти од возрасната популација).