August 18, 2022, 7:31 am

Хрватска ги замрзнува цените на горивата во рок од 30 дена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хрватска ги ограничи цените на горивата и тоа ќе трае 30 дена.

Владата донесе одлука за ограничување. Трговците со нафтени производи во наредните 30 дена можат да продаваат бензин за максимум 11,10 куни за литар (1,48 евро), а дизел по 11 куни (1,47 евро). Максималните малопродажни цени (со ДДВ и акциза) за бензини „еуросупер БС 95“, „еуросупер БС 98“ и „еуросупер БС 100“ изнесуваат 11,10 куни за литар. За „еуродизел БС“ е утврдена максимална цена од 11 куни за литар. Цените на нафтата и нафтените деривати во Хрватска се одредуваат слободно, но поради заштита на потрошувачите, регулирање на пазарот или други оправдани причини, Владата може, со декрет – декрет, да пропише највисоко ниво на малопродажни цени за одредени нафтени производи, за непрекинат период до 3 месеци. Во светот расте цената на нафтата. Таа надмина 80 долари за барел. Можно е да достигне трицифрена бројка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This