дома Економија ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ: Електро-енергетиката ќе биде локомотивен развој на државата

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ: Електро-енергетиката ќе биде локомотивен развој на државата

Зад нас, но и пред нас има добар известициски период за електро-енергетиката. Можеме да кажеме дека следува процес кога електро-енергетиката ќе биде можеби локомотивен развој на државата. За жал, можеби тоа ќе се случеше и порано да не беше оваа наметната полиутичка криза што изминатиов период ја зафати Македонија, смета Христијан Мицкоски, директор на ЕЛЕМ.

Во интервју за ТВ НОВА, Мицкоски посочи дека негативните ефекти постојат, но доколку се погледнат перформансите на македонската економија ќе се забележи дека станува збор за здраво ткиво, бидејќи и во услови на политичка криза и огромни притисоци, како држава успеавме да обезбедиме солиден економски раст којшто е конкурентен во регионот.

-Лани имавме рекорден број на странски инвестиции, намалување на невработеноста, отпочнати проекти, се градат голем број патишта, се реализираат проекти од енергетиката. И покрај сите предизвици што изминатиов период негативно влијаеа на перформансите на економијата, можеме да заклучиме дека темелот е здрав, заклучи Мицкоски.