дома Македонија ХРОНИЧНО БОЛНИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ МАСКИ, МИНИСТЕРОТ НЕ ЗНАЕ КАКО ДА ГИ ПОДЕЛАТ:...

ХРОНИЧНО БОЛНИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ МАСКИ, МИНИСТЕРОТ НЕ ЗНАЕ КАКО ДА ГИ ПОДЕЛАТ: Министерот Филипче соопшти дека 43.000 маски за заштита од аерозагадувањето ќе бидата поделени на хронично болните

Министерот за здравство, Венко Филипче потврди дека ќе се делат маски за заштита од аерозагадувањето, само сеуште немаат метод и на кој начин ќе бидат поделени.

Маски за заштита од аерозагадувањето ќе добијат 43.000 хронично болни граѓани. Сега го утврдуваме бројот на децата и начинот на кој би им ги поделиле маските, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

Филипче посочи дека вчера имале комуникација со Министерството за животна средина и просторно планирање и апсолутно се согласни дека тоа не ја решава причината, но дека треба и мора да најдат начин да ги дистрибуираат маските, бидејќи, како што рече, сепак тоа е некаква форма на заштита.