дома Европа Хуавеи отвара иcтражувачки центар во Будимпешта

Хуавеи отвара иcтражувачки центар во Будимпешта

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, најави дека кинеската телекомуникациска компанија „Хуавеј“ во Будимпешта ќе изгради иcтражувачки и развоен центар.

Сијарто истакна дека инвестицијата ќе обезбеди работни места за најмалку сто унгарски инженери.

Соработката помеѓу Унгарија и Кина е подобра од кога било. Инвестицијата претставува пресвртница во унгарското отворање кон источната стратегија – истакна Сијарто.

Новиот центар ќе се фокусира на вештачката интелигенција, стриминг, обработка нафотографии, технологија за пренос на сигнали и на големите дистрибутивни системи.

Развојниот проект ќе придонесе за дополнително зајакнување на угледот на унгарските инженерски вештини – порача Сијарто.

Новиот развоен центар ќе биде трета инвестиција на Хуавеј во Унгарија.