Последните неколку дена во кругот на Жан Митрев Клиник се случиле два немили настани, а биле уништени две палми, велат од клиниката. Тврдат дека станува збор за два поединечни исценирани инциденти во кои, група млади лица во ноќните часови запалиле дел од палмите засадени во градината околу паркингиот на клиниката.
На снимките во првиот случај се гледаат неколку млади лица како се приближуваат до влезот на паркингот и едниот од нив со запалка го пали стеблото на палмата која за неколку секунди вивнува во пламен. Во вториот случај на безбедносните камери вандалите се симнуваат од автомобил и со покриено лице се упатуваат до една од најблиските палми и исто така ја запалуваат, по што се качуваат во автомобилот и бегаат од местото.
Се прашуваат на кому му сметаат палмите и зошто некој го прави ова.