дома Занимливости Хурем непрепознатлива поради пластичните операции на лицето

Хурем непрепознатлива поради пластичните операции на лицето

Мерием Узерли, актерката со турско-германско потекло, се прослави со улогата на султанката Хурем во серијата „Сулејман величенствениот“.

Беше опасна жена на турскиот владетел, која за својата позиција и на децата се бореше со сите средства. Од премиерата на сапуницата, па до денес доста се промени, а сега таа изгледа сосема поинаку.

Популарната Хурем позираше во костим за капење и покажа дека е значително ослабена, ја промени бојата на косата, а многумина велат дека ги зголеми усните, го напали носот, а направила и уште неколку корекции на лицето.

Од промената многумина не можат да ја препознаат на новите фотографии. Модерната Хурем е одлучна во намерата да се прослави надвор од Турција, па и Европа, а целта и е Холивуд.

Во целата приказна позитивно е што Мерием успеа да се избори со психичките проблеми и борбата со поранешниот партнер.