дома Македонија Хaoc: Зa излeз oд Мaкeдoниja нa Taбaнoвцe ce чeкa пo двa чaca

Хaoc: Зa излeз oд Мaкeдoниja нa Taбaнoвцe ce чeкa пo двa чaca

На граничниот премин Табановце за излез од државата попладнево се чека околу два часа. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ информира и дека од денеска регионалниот патен правец кој води преку Националниот парк Галичица е нормализиран за секаков вид на сообраќај. Тој беше во прекин поради изведување градежни активности.

За утре е  најавен прекин на сообраќајот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – село Врбјани, поради изведување градежни работи на пат (минирање). Сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 11.30 и 14.30 часот во времетраење од 15 до 20 минути.