дома Образование Царовска ги откри двата нови предмети кои ќе се воведат со реформите...

Царовска ги откри двата нови предмети кои ќе се воведат со реформите во образованието

Мила Царовска во емисијата „Само интервју“ зборуваше за новата концепција за реформи во основното образование, откривајќи дека ќе се родат два нови предмети.

„Интегрираниот предмет по општествени науки од прво до трето одделение ќе се вика ‘Човекот и општеството’, а од четврто до деветто ‘Историја и општество’“, открива министерката за образование и наука,

Царовска тврди дека од септември ќе има подготвени учебници за прво и трето одделение, односно во оние генерации каде е планирано да почне реформата.

-Учебниците треба да бидат во електронска форма, но и печатени. За таа цел, треба да се објави повик до експертите во областа да изработат учебници, кои потоа на Комисија треба да поминат филтер дали тој учебник ќе добие зелено светло да се користи во нставата, изјави Царовска.