дома Македонија ЦВЕТАНОВА: Ни остана само нашите поколенија да ги воспитуваме во духот на...

ЦВЕТАНОВА: Ни остана само нашите поколенија да ги воспитуваме во духот на македонштината!

Поранешната министерка за култура, Ганка Цветанова на својот Твитер профил ја коментираше цикличноста  во историјата. Надоврзувајќи се на актуелната политичка состојба и промената на името таа посочи дека во моментов на Македонците единствено им останува идните поколенија да ги воспитуваме во духот на македонштината.

-Социолошката теорија на цикличност тврди дека фазите и настаните во општеството и во историјата генерално се повторуваат во циклуси. Она што нам ни останува е нашите поколенија да ги воспитуваме во духот на македонштината! Да не дозволиме да згасне, пишува таа.