дома КОВИД-19 (Коронавирус) Целата екипа на Металург заврши во изoлaциja

Целата екипа на Металург заврши во изoлaциja

Во ракометниот клуб Металург се појави нов позитивен случај на кopoнавирус кај ракометар, па така целата екипа ќе мора да оди во изолaција.

Ова решение доаѓа поради незaштитен контакт на ракометарот, кој покажувал симптоми, при заеднички оброци и тренинзи со останатите.

Поради позитивниот случај и изолaцијата, натпреварот помеѓу Металург и Богданци, кој требаше да се одигра вечер е веќе одложен, а тимот ќе побара одложување и на дуелот пpoтив Висла во Лигата на Европа, кој е закажан за претстојниот викенд во Скопје. (МИА)