дома Македонија ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА КАКО ВО ГАСНА КОМОРА: Воздухот е драстично загаден низ цела...

ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА КАКО ВО ГАСНА КОМОРА: Воздухот е драстично загаден низ цела Македонија, не само во Скопје!

Скопските општини Ѓорче Петров и Кисела Вода вечерва се задушуваат во загадениот воздух, а показателите се десет пати повисоки од нормалата, покажуваат податоците од веб сајтот Мој воздух повикувајќи се на мрежата мерни станици на територијата на скопската агломерација.

 

Така, податоците од мерната станица во населбата 11-ти Октомври во Кисела Вода од 18 часот покажуваат концентрација на отровните честици од 462 микрограми на кубен метар. Истовремено во Ѓорче Петров, на мерниот пункт кај полициската станица е реегистрината концентрација од 317 пм 10 честичи на кубен метар.

Ситуацијата со големото загадување на воздухот вечерва не е подобра ниту во другите скопски наслеби.

Ситуацијата е слична или полоша и во градовите низ Македонија.