дома Русија ЦЕЛТА НА ЕРДОГАН Е НЕВОЗМОЖНА: Русија одговори на инвазијата врз Сирија од...

ЦЕЛТА НА ЕРДОГАН Е НЕВОЗМОЖНА: Русија одговори на инвазијата врз Сирија од страна на Турција – тоа ви е невозможна мисија!

Рускиот сенатор Алексеј Пушков изјави дека целта на турската армија во Сирија, односно симнувањето од власт на претседателот на таа земја Башар ал Асад е невозможно да биде исполнета, како и дека изјавата на турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган во врска со ова претставува политичка реторика

Ердоган во вторникот, настапувајќи на симпозиум во Истанбул изјави дека турската армија почнала воена операција во Сирија како би се завршило владеењето на претседателот на таа земја, Башар ал Асад.


Турската армија на 24.ти август започна со операција „Штит на Еуфрат“ против терориристичката организација ИСИС со учество на сириската опозиција презема контрола на пограничниот град Џараблус на северот на Сирија. Офанзивата продолжува на југозапад.