дома Русија ЦЕЛ СВЕТ ДОБИВА КОВЕРТИ СО БЕЛ ПРАВ: Холандската амбасада во Москва добила...

ЦЕЛ СВЕТ ДОБИВА КОВЕРТИ СО БЕЛ ПРАВ: Холандската амбасада во Москва добила коверт со непознат бел прав

Холандската амбасада во Москва добила коверт со бел прав, изјавија од службата за итни работи во главниот град на Русија

Ковертот го примил секретаријатот на дипломатската мисија. Експертите ја проверуваат неговата содржина.

Последните два дена, писма со бел прав добија неколку политичари и владини агенции ширум светот.

Во вторникот слична пратка пристигнала и во Вестминстерската палата, каде заседава британскиот парламент, како и во канцеларијата на бившиот претседател на САД Барак Обама во Вашингтон. Медиумите наведуваат дека во ковертите се наоѓала бебешка пудра. Претходно слична пратка доби и основачот на Викиликс Џулијан Асанж и синот на американскиот претседател Доналд Трамп Џуниор.