дома Хроника ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ НЕ Е БЕЗБЕДЕН: Малолетни разбојници напаѓаат во Скопје, ограбено...

ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ НЕ Е БЕЗБЕДЕН: Малолетни разбојници напаѓаат во Скопје, ограбено момче во ГТЦ!

На 24.11.2017 година во 13:15 часот во полициската станица Центар, М.А. (22) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 12:15 часот во тоалет во Градскиот трговски центар неколку непознати лица извршиле разбојништво над него.

Сторителите со употреба на физичка сила му одзеле 7.600 денари и картичка за автобуски превоз, по што побегнале. По кратко време, во врска со настанот, во полициската станица Центар биле приведени пет малолетници од Скопје (од нив четири се на 16-годишна возраст, а еден е 17 години).

По приведувањето кај едно од лицата бил пронајден и со потврда за одземени предмети, бил одземен нож. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, како и за можна поврзаност на групата со други кривични дела разбојништва извршени во текот на изминатиов период.