дома Балкан Цеца и Анастасија пристигнаа од Рим, ама ретко кој ги позна на...

Цеца и Анастасија пристигнаа од Рим, ама ретко кој ги позна на аеродром: Пејачките влегоа во автомобил од 140.000 евра

Цеца Ражнатовиќ вчера на 29 септември заедно со својата ќерка Анастасија се врати во Србија, откако пееше на една ромска свадба во Рим, Италија.

Фолк-ѕвездата на белградскиот аеродром пристигнала во тренерки, патики „Баленсиага“, маска на лицето, темни очила, а на глава ја ставила капата од тренерката.

На прашање на новинарите како си поминала, рекла: „Супер!“, а потоа одговорила на тоа дали била исплашена поради пандемијата.

– Јас имам и антитела. Не сум во никаков паничен страв, знаете и од минатиот пат. Но, нормално, носам заштита. Еве, во Рим ние две се шетавме по градот. Луѓето се дисциплинирани, носат маски. Кога влегувате во продавници, ресторани… Како и во Белград – рекла Цеца и потоа се упатила кон автомобилот кој ја чекал пред аеродромот.

Станува збор за бел автомобил од марката БМВ Х7, кој чини околу 140.000 евра