дома Политика ЦИВИЛИЗАЦИСКИ ПРИНЦИПИ ВАЖАТ САМО ЗА ВМРО-ДПМНЕ: Арбен Таравари ем министер, ем кандидат...

ЦИВИЛИЗАЦИСКИ ПРИНЦИПИ ВАЖАТ САМО ЗА ВМРО-ДПМНЕ: Арбен Таравари ем министер, ем кандидат за градоначалник – Бејли го нема да соли памет?

Важечките цивилизациски принципи кои досега важеа во политиката во Македонија, не важат кога станува збор за владата на СДС, а особено за албанските коалициони партнери како Арбен Таравари

Имено, по вчерашната најава дека Таравари ќе се кандидира за градоначалник на општина Гостивар, денес тој соопштува дека кампањата ќе ја водел додека го користи законски предвидениот одмор од министерската функција.

Иако за ова нема законска пречка, ваквата постапка значи и погазување на принципот на одвојување на партијата од државата, и злоупотреба на функцијата министер во владата на Р.Македонија, за што пак е предвидена и правна одговорност.

Ваквите настапи претходно беа гласно осудувани од страна на странските претставници во Македонија, но и невладините организации, кои се бунеа на кандидирањето на активни министри и функционери во владата за носители на пратенички листи на претходните парламентарни избори. Секако, во духот на цивилизациските вредности, ВМРО-ДПМНЕ ги прифати критиките и се корегираше во настапите.

Наспроти тоа, СДС и нивните албански коалициски партнери немаат намера да ги следат цивилизациските вредности и принципи на одвојување на партијата од државата, и злоупотреба на функцијата минитер во фунцкија на изборната кампања, а од странските претставници и НВО ниту збор.