дома Русија ЦИПРАС И КАМЕНОС НА СРЕДБА СО ПУТИН: Одвоени посети на Москва за...

ЦИПРАС И КАМЕНОС НА СРЕДБА СО ПУТИН: Одвоени посети на Москва за подобрување на односите

Министерот за одбрана на Грција на 29 октомври, а грчкиот премиер на 7 декември ќе остварат официјални посети на Русија, јави дописничката на МИА од Атина.

Кусо по посетата на САД, министерот за одбрана на Грција и коалиционен партнер во владата, заминува во посета на Москва. Информацијата ја објави грчкиот портал militaire.gr, а ја потврди самиот Каменос на неговиот официјален Твитер профил споделувајќи ја информацијата.

– Во Русија, Панос Каменос има многу работи да разговара, покрај обидот да ја намали тензијата што постоеше во грчко- руските односи, во пресрет на посетата на Ципрас. Постојат прашања поврзани со одржување на руските оружја што ги имаме во нашиот арсенал, пишува грчкиот портал.

Нешто повеќе од еден месец по посетата на Каменос, на 7 декември, според информациите на дописничката на МИА од Атина, за Москва заминува и грчкиот премиер на средба со рускиот претседател Владимир Путин. Во грчката делегација, заедно со Алексис Ципрас, според истите информации, ќе биде и шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.