дома Европа ЦИПРАС ЈА ОБЕЛОДЕНИ ВИСТИНАТА ЗА ДОГОВОРОТ : Не признаваме етничка припадност

ЦИПРАС ЈА ОБЕЛОДЕНИ ВИСТИНАТА ЗА ДОГОВОРОТ : Не признаваме етничка припадност

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во видео порака истакна дека е време да се изнесат фактите за Преспанскиот договор со Македонија за да се дознае вистината.

„Со Преспанскиот договор ја штитиме нашата покраина Македонија. Го надминуваме стравот и инерцијата со самодоверба и го отвораме патот на мирот и економскиот раст”, наведува Ципрас во видео пораката насловена „Вистината за Преспанскиот договор“ на својот фејсбук профил.

„Овој договор е камен темелник на пријателството, соработката и братството на народите во балканскиот регион.

„Нашите соседи признаваат дека нивниот словенски јазик и културата немаат никаква поврзаност со древната грчка историја. Со Преспанскиот договор го признаваме државјанството, но не и етничката припадност. Во нивните учебници нема повеќе да има иредентистички алузии. Тие ги менуваат имињата на спомениците, инфрастуктурата и јавните простори“, рече Ципрас.
Видео пораката содржи и снимка од потпишувањето на Преспанскиот договор помеѓу Грција и Република Македонија на 17ти јуни 2018. Според договорот новото име на Република Македонија е Република Северна Македонија.