дома Занимливости ЦРНОГОРЕЦ РАЗВИЛ БРИЛИЈАНТНА ШЕМА: Постојано се обложува и секогаш е во ќар!

ЦРНОГОРЕЦ РАЗВИЛ БРИЛИЈАНТНА ШЕМА: Постојано се обложува и секогаш е во ќар!

Станува збор за еден обичен човек од Бања Лука, кој најде оригинален начин да ги победи обложувалниците.

Тоj e обичен човек, со семејство, со работа, со станбен кредит, со родители на село, но и со една револуционерна идеја кога се обложувалниците во прашање. Вели дека тој е како секој втор Балканец, желен да уплати ливче, но за забава, не со вртоглави суми.

„Се сметам себеси за умерен играч. Неделно играв три до четири ливчиња, со уплата од пет конвертибилни марки (150 денари н.з.) барав да добијам 100. Значи, просечниот коефициент ми беше некаде над 20. Да се разбереме, јас уживав во играта, во исчекувањето на гол или промена ‘’на резултатот на телетекст. И сега уживам во тоа, меѓутоа, што би рекла мојата баба ‘за свој грош’“, вели обложувачот.

Системот е едноставен, но функционира. Човекот отворил своја куќна обложувалница. Се обложува исто како и порано, но сега ги заменил улогите. Станал сопственик на обложувалница во која има само еден активен играч – самиот тој. Ќе одигра ливче по коефициенти од обложувалниците, ќе го напише на лист хартија, а парите за уплата ги става во каса.

Ако не погоди, влогот си стои во касата. Ако погоди, си зема добивка. По еден месец секојдневна игра, погодил само еднаш, со добивка од 120 марки, а имал уплатено вкупно 150. Очигледно нашол начин ем да се обложува и да ја задржи страста, ем да ги победи обложувалниците.