дома Свет ЦРBЕНAТA РEКA ВО ПEРУ: Moжe да се види само во дoждливитe пeриoди

ЦРBЕНAТA РEКA ВО ПEРУ: Moжe да се види само во дoждливитe пeриoди

Во Перу, близу градот Куско се наоѓа реката Пукамају, попозната како „Црвена Река“. Таа може да се види само во дождливи периоди, кога насобраната вода го полни речното корито.

Долината содржи големо количество жeлeзeн oкcид, па оттаму водата во реката добива црвена или розова боја, во зависност од текот и количината железо во самата вода. Но, познавачите препорачуваат дека доколку сакате да го посетите Перу во овие периоди кога може да се види „Црвената Река“, треба да бидете подготвени на лизгачките патчиња, обилните дождови и на тоа дека многу други знаменитости нема да бидат достапни за туристите поради тие временски услови.