дома Македонија ЦУК co aпeл дo гpaѓaнитe – пpи нeвpeмe дa нe движaт пoкpaj...

ЦУК co aпeл дo гpaѓaнитe – пpи нeвpeмe дa нe движaт пoкpaj peчни кopита и cyвoдoлици

Центарот за управување со кризи издаде соопштение за внимателност на граѓаните поради најавите за невреме и поројни дождови.

Тие апелираат до граѓаните за превентивно однесување за време и после невреме во одредени локални региони.

„Покрај препораката за градоначалниците и субјектите во системот за управување со кризи за преземање превентивни мерки, неодминливо е да се апелира и до сите граѓани да не движат покрај речни корита и суводолици, за време и по локално невреме, заради можни брзи и ненадејни порои. Да не престојуваат и да не се засолнуваат во простори што се на пониско ниво и може да бидат поплавени. Во случај на појава на грмежи и електрични празнења се препорачува поголема внимателност – да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја“, истакнуваат од ЦУК.