дома Социјални Мрежи ЦУЦУЛОВСКИ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ВЛАСТА: Престанете да го пљачкате/приватизирате она што народот...

ЦУЦУЛОВСКИ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ВЛАСТА: Престанете да го пљачкате/приватизирате она што народот со децени го создавал

Професорот Љубомир Цуцуловски на својот Фејсбук објави статус со кој ги алармираше граѓаните а воедно упати предупредување до власта.

АЛАРМ/ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ. Предизборието за претседателските избори сè уште не е почнато. Освен еден кандидат, другите не се познати. Според тоа, рано е и неумесно е било каква анализа на предсеталските избори кои допрва следат.

Меѓутоа, време е да се алармира/предупреди на некои потези кои власта (макар и срамежливо) ги најави. Меѓу нив беше и идејата за приватизација на службата за Итна медицинска помош.

Што друго може да се рече за оваа идеја, освен: „Престанете да го пљачкате/приватизирате она што д р у г и т е (во случајов, народот) со децени го создавале – од 1945 година, па сè досега, бидејќи сè има своја граница и трпение!“ Конечно, кој ве овласти да глумите држава и да си играте со државата?