дома Балкан Цpн дeн вo Грција: Пoчинaa 62 лицa, 639 нoви cлyчaи нa Koвид-19...

Цpн дeн вo Грција: Пoчинaa 62 лицa, 639 нoви cлyчaи нa Koвид-19 вo изминaтoтo дeнoнoќиe

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 639 нови случаи на Ковид-19, а починале 62 лица.

Од новите позитивни случаи, 184 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а 163 во Солун.

Во грчките болници, во Одделите за интензивна нега, на апарати се приклучени 558 пациенти, шест повеќе од вчера.

Професорите Вана Папаевангелу и Гикас Мајоркинис, кои се членови на Комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција на редовна конференција за ситуацијата со пандемијата во земјата соопштија дека иако има намалување на новите случаи, сепак и понатаму здравствениот систем е под притисок и особено се задржаа на претстојните празници, повикувајќи ги граѓаните да бидат особено претпазливи во нивните контакти.

Од почетокот на епидемијата во Грција има 125.173 заразени со Ковид-19, а починаа 3.687 лица.