дома Политика ЧАЛАМ КОН ПОМАЛИТЕ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ: Рашкоски покажува мускули пред помалите етнички заедници,...

ЧАЛАМ КОН ПОМАЛИТЕ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ: Рашкоски покажува мускули пред помалите етнички заедници, не смее да ги пипне 1.600 вработени Албанци кои не доаѓаат на работа!

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, тврди дека наследил партизирана администрација во Општината и вработените кои не само што не ги исполнуваат работните задачи, туку и воопшто не се појавуваат на работа. На вчерашната средба со ислениците, Таравари им се пожалил дека е условен да ги задржи на работа овие вработени и дека во спротивно Општината не ќе може да формира Совет.

– Ги употребивме сите средства и продолжуваме да правиме напори и понатаму да не се блокира работата на советот, но од другата страна наидуваме на отсуство на волја, а што се проследува со ирационални барања, како што е да ги задржиме на работа нивните партиски војници кои не само што ништо не работат, туку и воопшто не доаѓаат на работа. Кажете ми, ве молам, може ли тоа да се случи во европските земји каде што вие работите – ги прашал Таравар, иселениците, соопшти прес-службата на општина Гостивар.

Згора над ова, во Владата има уште 1.600 Албанци кои не одат на работа, а земаат плата. И додека генералниот секретар Драги Рашковски покажува мускули на 60 лица Власи, Турци, Срби, Бошњаци и Роми, молчи за 1.600-те Албанци партиски војници, кои исто како и во Гостивар, не само што не ги исполнуваат работните задачи, туку и воопшто не се појавуваат на работа.