дома Македонија ЧЕКАЈЌИ ГИ ФЕЈСБУК И ГУГЛ: Плати од 1.700 евра во странска инвестиција...

ЧЕКАЈЌИ ГИ ФЕЈСБУК И ГУГЛ: Плати од 1.700 евра во странска инвестиција во Србија

Во фабрика во српскиот град Панчево, отворена со помош на странска компанија ќе има просечни плати од 1.700 евра и ова е реткост во старт да понудат толку високи плати, пишуваат српските медиуми.

Во новиот погон ќе има место за 450 високообразовани луѓе.

Тие ќе произведуваат електрични мотори за автомобили, управувачи, пумпи за масло, и друго.

„Brose” е германски гигант, а сето ова е резултат на договор кој го потпишаа министерот за економија, Горан Кнежевиќ и претставникот на компанијата, Томас Шпанглер.