дома Локално ЧЕТВРТИ ДЕН НА УЛИЦА: Пазарџиите повторно на пpoтести, надлежните институции молчат

ЧЕТВРТИ ДЕН НА УЛИЦА: Пазарџиите повторно на пpoтести, надлежните институции молчат

Пазарџиите повторно пpoтестират, но никој не ги слуша, најмалку Општина Центар или Град Скопје, кој би можел да помогне во ситуацијата барем како медијатор. Група од околу 40 трговци од Зелениот пазар изутринава повторно го блoкираше булеварот Св.„Кирил и Методиј“ во Скопје, изразувајќи револт од покачувањето на цената за паркирање во централниот дел од градот.

Трговците оценуваат дека поскапиот паркинг ќе им го намали и онака нискиот промет од потрошувачите.

Цената на паркингот во централното гратско подрачје беше зголемена за 20 денари, а одлуката стапи на сила на 8ми овој месец.