дома Хроника ЧЕТИРИ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈКА: „Голф“ и „Ауди“ се судриле кај...

ЧЕТИРИ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈКА: „Голф“ и „Ауди“ се судриле кај Пирок, тетовско

Четири лица, од кои едно потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 22.15 часот на регионалниот пат Тетово-Пирок, во с.Камењане.

Во несреќата учествувале патничко возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Џ.(19) од сБоговиње, тетовско и патничко возило „Ауди“, управувано од И.Г.(35) од тетовско Ново Село.

-Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од „Голфот“ Ф.М.(20) од Боговиње. По укажаната помош во тетовската клиничка болница, тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле здобиле тројца сопатници од возилото „Ауди“. По укажаната помош, двајца биле пуштени на домашно лекување, а Ш.Г.(55 ) бил задржан во болницата на понатамошно лекување, информираат од МВР.

Извршен е увид на местото на настанот.