Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска дадоа свечени изјави пред претседателот на Собранието Талат Џафери. Претседател на Комисијата е Оливер Дерковски, потпретседател Дитмире Шеху, а членови се Елизабета Постоловска, Борис Кондарко, Јанаке Витановски, Радица Ристеска и Енвер Салиу.
– Денес ја дадовме свечената изјава и со тоа го означивме почетокот на работата на ДИК. Очекуваме Собранието исто така, да донесе значајни одлуки за работата на ДИК. Доколку се заврши се како што треба, го гледате составот, се се тоа искусни луѓе, од кои повеќето претходно веќе биле и членови на ДИК, така што сметам дека за главната задача ќе ја договориме пред се почитувајќи ги законите и Уставот на РМ, рече Дерковски. Се заложи дека ќе работат јавно и транспаретно.
Се очекува наскоро да биде закажана и конститутивна седница на ДИК