дома Македонија ЧУЛЕВ СЕ СРЕТНА СО БРНЗ: Борбата против тероризмот, криминалот и корупцијата се...

ЧУЛЕВ СЕ СРЕТНА СО БРНЗ: Борбата против тероризмот, криминалот и корупцијата се приоритети

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Наќе Чулев денеска оствари работна средба со амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, при што истат беше запознаена за приоритетите за кои што тој се залага како прв човек на МВР.

Денеска остварив работна средба со амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз. На средбата ја запознав амбасадорката Брнз со моите приоритети како министер во техничката Влада, односно борбата против тероризмот, организираниот криминал и корупцијата, а како еден од главните приоритети го истакнав секако придонесот во организирањето фер, демократски и регуларни избори, но и одржувањето на безбедноста и стабилноста на државата, напиша на својата Фејсбук страница министерот Чулев.

За време на средбата, заеднички го потврдивме стратешкото партнерство меѓу двете земји, заклучува Чулев.