дома Македонија ЧУЛЕВ СЕ СРЕТНА СО ЖБОГАР: Се преземаат сите мерки за обезбедување фер,...

ЧУЛЕВ СЕ СРЕТНА СО ЖБОГАР: Се преземаат сите мерки за обезбедување фер, демократски и кредибилни избори

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска се сретна со амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар.

На сребата се направило резиме на меѓусебната соработка и се потенцирала важноста на проектите кои се реализираат во министерството за внатрешни работи, а се финансирани од страна на Европската Унија преку ИПА инструментот.

На средбата ја потврдив посветеноста на нашата држава кон остварувањето на целта членството во ЕУ, при што од моја страна беше нагласено дека министерството за внатрешни работи ги презема сите мерки и активности за обезбедување фер, демократски и кредибилни избори-напиша министерот на Фејсбук.