дома Македонија Чулев 19 години по Кapпaлaк – Хеpoитe никогаш не yмиpaaт, слaвa и...

Чулев 19 години по Кapпaлaк – Хеpoитe никогаш не yмиpaaт, слaвa и пoчит на сите вас, Македонија нема да Ве зaбopaви

Поранешниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев преку статус на Фејсбук денеска се потсети на загинатите десет припадници на безбедносните сили кај месноста Карпалак.

-На денешен ден пред 19 години кај месноста Карпалак загинаа десет припадници на безбедносните сили. На 8 август 2001 околу 10 часот конвој на АРМ беше подмолно нападнат од заседа. При тоа беше погодено едно транспортно возило на Армијата во кое беа 8 војници и двајца офицери, сите од резервниот состав.
Во моите мисли и во моето срце засекогаш ќе биде споменот за луѓето кои со својата искрена пожртвуваност покажаа што значи љубов кон сопствената татковина.
Хероите никогаш не умираат. Слава и почит на сите вас. Македонија нема да Ве заборави!