дома Македонија ЧУПИЌ: Цела Македонија и Скопје се со нас, одиме на пoбeдa!

ЧУПИЌ: Цела Македонија и Скопје се со нас, одиме на пoбeдa!

Голем број на вардарови навивачи допатуваа во Келн да му дадат голема поддршка на својот миленик, на завршниот турнир во Келн. Тие секогаш биле осмиот играч на клубот, така ќе биде и во денешното полуфинае против екипата на Барселона. Самите играчи се свесни дека повторно ќе се слуша вардаровата песна, па ветуваат дека ќе остават срце на терен, а знаат дека Скопје и Македонија денес ќе стискаат палци за нив и ќе држат среќа.

-Ние ќе се бopиме и оставиме срце на терен. Голем број на навивачи доаѓаат во Келн, како од Македонија, така и од Хрватска. Не можеме да ветиме победа, но дека ќе се бopиме за секоја топка на теренот, во тоа бидете сигурни, истакна Карачиќ.

Кога играш пред 20.000 навивачи е голема работа и мотивација за секој играч. Сите 500 карти кои ги доби Вардар се распродадени. Цела Македонија и Скопје се со нас, навиваат за нас. Секоја поддршка, секој добар збор и желби се добредојдени за нас, во пресрет на ова полуфинале со Барса, рече Чупиќ

Да го прават тоа што го прават секогаш. Да навиваат од срце и да бидат со нас и во пoбeдa и поpaз, изјави Стоилов.