дома Религија Чу дата на Богородица во Калишкиот манастир

Чу дата на Богородица во Калишкиот манастир

Илјадници верници го посетуваат Калишкиот комплекс манастири во струшко.

На големиот христијански празник “Рожденство на Пресвета Богородица” доаѓаатб да се поклонат пред Чудотворната икона – Богородица во црно.

Една од највредните икони во земјава, единствена на Балканот пронајдена во малата пештерска црква. Се верува дека со молитва на ова светилиште, мајката божја исцелува од сите неизлечиви болести но и ги дарува оние кои не можат да имаат деца, сведочи домаќинот Наќе Парталов кој веќе осум години живее во манастриот.

– Луѓе односно жени кои што немале дечиња молејќи се на пресвета Богородица стануваат мајки а и многу од мајките доаѓајќи со своите веќе поголеми деца доаѓаат и потврдуваат дека да не беше Пресвета Богородица можеби ќе го немав ова детенце што оди сега, Наце Парталов домаќин на манастирот.

Чудата на иконата се запишани во манастирските книги. Едно од нив е дека во втората светска војна фашистите повеќе пати се обидувале да ја потопат иконата, но таа секогаш од дното на езерото се враќала во манстирот.

– Ја вр зале иконата со челични снџири и неколку пати ја фр лале сред езеро, за да пропадне и се уништи. Меѓутоа како тие ја потопуваат иконата се ослободува од челичните синџири и секогаш се враќа пред манастирот. Не оди ни кон Албанија, ни кон Охрид ни кон Струга, додава Парталов.

Во Калишкиот манастир од 11 век до денес живеат монаси, а
култот кон Мајката Божја се пренесува со векови.

– Јас си верувам во Бога. Секому помага Богородица и мене ми помогнала на сите цел свет помага таа ни мајка на сите, вели една верничка.

– Си верувам во Бог да помогни и на младите и на старите, вели еден верник.

Во комплексот Калишки манастири има четири храмови, две пештерски цркви посветени на Богородица и Атанасиј Велики, и уште две цркви едната посветена на мајката Божја другата на свети Петар и Павле. Сместен во живописната природа на брегот на Охридското езеро манастирот со својата духовност и чудотворноста на иконите ги плени верниците од сите страни на светот.