дома Свет Чyдeн пoтeг: Хaкepи дoниpaaт yкpaдeни пapи вo дoбpoтвopни цeли

Чyдeн пoтeг: Хaкepи дoниpaaт yкpaдeни пapи вo дoбpoтвopни цeли

Хакерска група донира украдени пари во добротворни цели што се смета за прво такво нешто направено во кибер криминалот што ги зачудува експертите, јави Би-Би-Си.

Хакери од „дарксајд“ тврдат дека изнудиле милиони долари од компании, но велат дека сега сакаат „да го направат светот подобро место“.

Во објава на дарквеб, бандата објави потврди за донации од 10.000 долари во Биткоини за две добротворни организации.

Една од нив, „Детска Меѓународна организација“ (Children International) вели дека нема да ги задржи парите.

Овој потег се смета за чуден и вознемирувачки, како морално така и правно, наведува Би-Би-Си.