дома Сцена ШАБАН МОРА НА СУД: Ја крие Цуца од полиција?

ШАБАН МОРА НА СУД: Ја крие Цуца од полиција?

Пеачот Шабан Шаулиќ (65) не кажува кој го возел неговиот автомобил минатата година, кога се направени многу прекршоци, па поради тоа го чека судење во Судот за прекршоци во Белград.

Според сознанијата, уличните камери го снимале моментот кога тој што управувал со возилото на Шабан направил неколку прекршоци. Бидејќи тој не открива кој возел, добил кривична пријава, па се шпекулира дека Шабан не сака да ја каже поранешната љубовница Ивона Неговановиќ Цуца.

– Шаулиќ е обвинет бидејќи не давал податоци за лицето кое во два наврати го возело неговото возило. Тој бил должен во рок од осум дена да и достави податоци на полицијата, а бидејќи не го сторил тоа против него е напишана кривична пријава, па така сега мора да оди на суд.

Легендата на народната музика најверојатно ќе треба да искешира во државната каса измеѓу  30.000 и 60.000 динари.