дома Актуелно ШАМПИОНИТЕ НА ПРИЕМ КАЈ ЗАЕВ: Вие сте шампиони на нашите срца, ќе...

ШАМПИОНИТЕ НА ПРИЕМ КАЈ ЗАЕВ: Вие сте шампиони на нашите срца, ќе предложам на седница на Влада да доделиме 500.000 евра како награда за постигнатиот успех

Новиот европски ракометен првак, скопски Вардар, денеска беше на прием во Владата на Република Македонија. Управата и играчите беа пречекани од Зоран Заев, претседател на Владата, кој им посака добредојде.

Ви благодарам за среќата и радоста кои ни ги приредивте. Вие сте шампиони на нашите срца. Среќни сме што постои клубот и сакаме да опстане. Затоа, ќе предложам на седница на Влада да доделиме 500.000 евра како награда за постигнатиот успех, а дополнителни 100.000 евра ќе додели и Агенцијата за млади и спорт.

И веднаш, уште од денеска се посветуваме на мерките кои ќе ги преземеме за стабилност на клубот на исто ниво на кое е сега, но и за развој и успешна иднина понатаму.

Ќе се посветиме да изнајдеме начин за натамошната работа преку законски решенија и со помош на државните институции.

Вие им носите радост на граѓаните, а државата ќе возврати со влог во иднината на македонскиот ракомет и македонскиот спорт, рече Заев.