дома Uncategorized Швајцарците на референдум одлучуваат за поништување на KoBид сертификатите

Швајцарците на референдум одлучуваат за поништување на KoBид сертификатите

Швајцарските граѓани денеска преку референдум ќе одлучат дали треба да се укинат Ковид пропусниците кои сега им се потребни за влез на настани или во ресторани.

Противниците на ковид потврдата со петиција ги принудија властите да се оди на гласање. Тие се спротивставуваат на овој документ, бидејќи според нив, тоа ќе ја подели државата и индиректно ќе ги принуди луѓето да се вакцинираат.
– Advertisements –

Неодамнешните анкети покажаа дека околу 60 отсто од испитаниците се против укинување на ковид сертификатите.