дома Европа Шведска за прв пати ги затвора границите, се забpaнува влез на државјани...

Шведска за прв пати ги затвора границите, се забpaнува влез на државјани од Велика Британија и Данска

Шведска нема да дозволи влез на странски државјани од Велика Британија и Данска поради појавата на нов вид коронавирус во тие земји, и ова е првпат од почетокот на пандемијата Шведска да ги затвори своите граници.

Повеќе од 40 земји досега забранија влез на британски граѓани.

„Со цел да се намали ризикот од ширење тука, Владата донесе одлука денес да забрани влез“, рече министерот за внатрешни работи Микаел Дамберг на прес-конференција, пренесува Ројтерс.

Забраната стапува на сила на полноќ. Покрај тоа, Шведска ќе ги прекине сите летови од Велика Британија на 48 часа.