дома Европа Шведска пoднeлa бapaњe зa пeт oд шecтe дocтaпни вakцини

Шведска пoднeлa бapaњe зa пeт oд шecтe дocтaпни вakцини

Шведска поднела барање за пет од шесте вакцини достапни преку механизмот на Европската Унија. Првата вакцина, онаа од „Фајзер“ и БиоНТех“, може да биде одобрена од Европската Унија веќе на крајот на декември.

Швеѓаните најпрво ќе вакцинираат 600.000 луѓе во домовите за стари лица, а потоа и здравствените работници, лицата над 70 години, како и групите со висок ризик.

Прво мора да ги заштитиме најранливите, а потоа да го вакцинираме целото население со цел пандемијата да забави, а потоа и да запре – изјави за Ројтерс шведскиот шеф за јавно здравје, Јохан Карлсон.

Шведска воведе најблаги ограничувачки мерки во Европа, поради што стапката на инфекција и смртност е поголема отколку кај нејзините нордиски соседи, но пониска отколку во неколку европски земји кои се одлучија за целосно затворање.

Голем број од починатите луѓе се од домовите за стари лица, а властите беа критикувани затоа што не ги заштитиле овие објекти.

Карлсон очекува вакцинацијата да почне во првиот квартал од следната година, во зависност од брзината на одобрување и дистрибуција на вакцината.