дома Спорт ШВЕДСКИТЕ НАВИВАЧИ СО ПОРАКА ДО ШВАЈЦАРЦИТЕ: „Орелот“ си отиде дома

ШВЕДСКИТЕ НАВИВАЧИ СО ПОРАКА ДО ШВАЈЦАРЦИТЕ: „Орелот“ си отиде дома

Навивачите на Шведска после голот на нивната репрезентација покажа со рацете орел, токму оној кој го симулираа Шаќири и Џака на натпреварот со српската репрезентација.

Швајцарците испаднаа од Мундијалот после поразот од Шведска со резултат 1:0, а единствениот гол на мечот е дело на Форзберг.

Џака и Шаќири за време на прославата на голот против српската репрезентација гестикулираа со рацете орел кој е симбол на Албанците, што предизвика скандал од светски размери.