Шврговски: Пpeoтворањето на „Тopтура“ не е пpecдан, очекувам ocлободителна пpecyда

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Адвокатот Љупчо Шврговски денеска истакна дека очекува ослободителна пресуда за „Тортура“, откако судечкиот совет предмалку одлучи случајот да се преотвори.

Сметајќи дека фактите не се утврдени на начин на кој што недвосмислено судот би донел законита и правична одлука, судот одлучи дека постапката треба да се преотвори. Од она што можевме да го слушнеме од судот, е дека смета дека диспозитивот на обвинителниот акт не дава реален основ за донесување на реална и правична одлука, бидејќи не се утврдени поединечните дејствија на секој од обвинетите. Јавниот обвинител морал да прецизира кој какво дејствие превзел. Ако добро го слушавте образложение, Мијалков воопшто не учествувал во апсењето, туку ова се однесува на останатите обвинети. Очекувам ослободителна пресуда, истакна Шврговски.

Тој појасни дека ваквата одлука на судот не преседан, туку се случувало многупати.

Предметот го отвори поранешното СЈО, а се однесува на начинот на кој беше уапсен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011, ден по парламентарните избори. Обвинети се екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, и шестмина припадници на поранешната единица „алфи“.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This