дома Свет Шест американски амбасадори се најдоа на црната листа на Кина

Шест американски амбасадори се најдоа на црната листа на Кина

Кина денеска соопшти дека воведува caнкции за 11 Американци, меѓу кои и шестмина сенатори, поради тоа што лошо се однесувале во однос на прашањето за Хонг Конг.

Тоа е најновиот потег во ескалацијата на односите меѓу Кина и САД, откако во петокот Вашингтон воведе сaнкции проти Кери Лам која управува со Хонг Конг, како и против 10 други кинески и хонгкошки функционери поради нивната улога во kpшењето на политичките слободи во регионот.

– Постапките на САД во петокот се флагрантно мешање во работите на Хонг Конг и во кинеските внатрешни работи, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина Жао Лијан.

– Станува збор за сериозно кpшење на меѓународното право и основните норми на управување со меѓународните односи, додаде тој.

Меѓу сaнкционираните Американци се сенаторите Тед Круз, Марко Рубио, Том Котон, Џош Хали, Пет Туми и Крис Смит.

Рубио веднаш регираше со објава на Твитер, каде напиша дека не сака да биде параноичен, но дека му изгледа дека Кинезите не го сакаат.