дома Македонија Шефот на бугарската комисија: Тоа што го кажа Заев треба да биде...

Шефот на бугарската комисија: Тоа што го кажа Заев треба да биде внесено и во официјален документ во кој јасно ќе се нагласат новите позиции

Во изјава за бугарското национално радио, Димитров вели дека за да се земе кажаното како сериозно, треба да има и нешто посериозно, како меѓународно-правен документ.

-Тоа што го кажа Заев треба да биде внесено и во официјален документ во кој јасно ќе се нагласат новите позиции кои што се во согласност со договорот за пријателство и добрососедство – рече Димитров..

Копретседавачот на комисијата вели дека и тие документи треба да бидат усвоени и од македонското собрание, но дека со актуелната политичка конструкција и несигурноста на владејачката структура не е јасно како тоа би се случило. Димитров е категоричен дека откако Заев го направи тој чекор, да признае дека двете земји имаат заедничка историја и дека бугарите не се фашистички окупатор, треба неговата партија да направи напор, чекор напред, а не, како што вели, ова да остане да виси во воздух.

Инаку следниот состанок на заедничката комисија треба да се одржи, следнава недела, на 3 и 4 декември, а ќе биде онлајн поради пандемијата.